На самите граници ќе нема тестирање за ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денеска почнуваат да важат нови мерки за влез и за излез од државава, односно приложување на сертификат за целосна вакцинација, потврда за прележан ковид-19 не постар од 45 дена од денот на оздравувањето или негативен ПЦР тест.

На новинарско прашање дали граѓаните ќе може да се тестираат на самите граници, Владата одговори дека такво нешто нема.

„Мерката е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот. Треба да се има предвид дека постапка за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен европски и светски земји која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и затоа ова мерка во голем процент и се спроведува, изјави портаролот на Владата Мухамет Хоџа и додаде дека нема можност за тестирање на самите граници.