Стапката на сиромашни лица во Северна Македонија во 2018 година изнесува 21.9.% Анализирано по типови домаќинства, стапката на домаќинствата составени од двајца возрасни со две деца во 2018 година е 22 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9 %. Коефициентот на Џини или мерката за нееднаквоста во распределбата на приходите изнесува 31.9 %.
Истражувањето за сиромаштијата што го направи ДЗС покажало дека само 2,7 отсто од жителите може лесно да го протуркаат месецот со приходите што ги имаат.
Чувството на сиромаштија е поизразено во градските средини, каде што само 2,7 отсто од домаќинствата изјавиле дека со вкупните месечни приходи што ги имаат лесно ги задоволуваат потребите, за разлика од жителите на руралните средини, во кои тоа чувство е застапено кај 3,2 отсто од домаќинствата.
Нивната анализа покажува дека повеќе од четвртина од домаќинствата, или 28,6 отсто, сметаат дека многу тешко можат да ги намират месечните потреби.
Стапката на сиромашни во 2016 година 21,9 отсто, додека во 2017 година 22,2 отсто од лицата живеат под прагот на сиромаштија.
Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Прагот на сиромаштијата е 60 % врз основа за пресметките на сиромаштијата врз приходите.
Така некој човек што е сиромашен во Шведска, може да дојде во Македонија и да живее на сосема ист начин како во Шведка, со приходи кои му дозволуваат ист животен стандард, но тука статистички нема да биде сиромашен. Ова ја отежнува споредбата помеѓу различни држави, така што ја прави стапката на сиромаштија во развиените земји нереално висока, додека стапката на сиромаштија во помалку развиените земји нереално ниска.
Заради споредба помеѓу државите добро е да имаме и податоци за апсолутната стапка на сиромаштија. Тоа значи дека за сиромашни ќе се сметаат само тие кои живеат под некој однапред утврден стандард кој ќе важи за сите земји.
Луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост.
Европска Унија 22,4%
Бугарија 38,9%
Романија 35,7%
Шпанија 26,6%
Англија 22%
Франција 17,1%
Финска 15,7%
Чешка 12,2%
Според податоците на Светската банка, уште во 1990 година, бројот на луѓе во екстремна сиромаштија изнесувал 1,9 милијарда, или 36 отсто од светското население. Веќе во 2018 година се проценува дека бројот на сиромашните паднал на 650 милиони, односно на 8,6 проценти од светското население. Сепак, како што укажуваат податоците, намалувањето не е рамномерно распространето, бидејќи Кина и Јужна Азија остварија огромен напредок, за разлика од Супсахарска Африка, каде што се зголемил бројот на екстремно сиромашни луѓе.
