Над 60 земјотреси се случиле овој месец во Маврово, и околината во Тетово и Гостивар овој месец.
ТВ21 зборуваше со сеизомологот Катерина Дрогершка која рече дека серијата на земјотреси е почната од лани, и дека во овој период има сеизмичка активност на тоа подрачје.
„Серијата на земјотреси почна лани во ноември со два земјотреси од класата умерено-силни земјотреси. Едниот се случи рано наутро во 5 степени, но интензитетот беше од 5 до 6 степени. Во следните неколку дена во ноември и декември беа регистрирани стотина земјотреси од исто епицентрално подрачје од Тетово – Гостивар, односно мавровскиот регион. Од Март 2021 година повторно се интензивира подрачјето. На 12. март се случи силен земјотрес. Станува збор со локална мандитура 4,6. Серијата трае зачестено. Од 12 март до ден денеска, имаме регистрирано 50-60 земјотреси. Поголемиот дел од земјотресите имаат поголема магнитуда поголема од 3. Поголемиот дел се почувствувани од западниот дел. Се уште имаме земјотреси, но со сигурност не можеме да кажеме дали може да очекуваме некој посилен од оној со јачина од 5,0 степени“, вели Дрогершка.
