Македонскиот фудбалски прволигаш „Гостивар“ за свој спортски директор ангажираше звучно име од спортскиот свет.
Се работи за Муса Соу, кој е легендарен фудбалер на Лил и Фенербахче.

Зад себе има две титули со овие клуба, прогласен е и за најдобар стрелец во француската лига во сезоната 2010/2011, додека пак за репрезентацијата на Сенегал на 50 мечеви постигнал 18 голови.
