„Најголем процент од медицинскиот персонал е заразен надвор од работните места или по контакт со колеги“, рече Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека најголем процент од медицинскиот персонал е заразен надвор од работните места или за време на контактите помеѓу вработените на работното место.

Тој додава дека за тоа доказ е инфективната клиника каде се лечат најмногу пациенти.

„Доказ за тоа е Инфективната клиника каде се лекуваат најмногу пациенти. Сега има близу 100 пациенти кои се хоспитализирани на клиниката, уште 4, 5 пациенти во монтажната болница што профункционира вчера. Тука има посебен тим лекари и медицински сестри и практично нема заразен лекар, а тоа се лекари и сестри кои работат од самиот почеток со пациентите болни од Ковид-19. Значи со доследно придржување до употреба на заштитните материјали апсолутно секој може да се заштити“, порача Филипче.