Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени кога патнички автобус и камион се судрија во близина на бразилскиот град Лукас до Рио Верде.
Според концесиската компанија што управува со овој дел од патот, нејзините тимови за итни интервенции биле известени за несреќата во 21:40 часот по локално време, објавува CNN Brazil.
Меѓу повредените, 26 лица се здобиле со умерени повреди, 11 се во сериозна состојба, додека осум лица имаат полесни повреди.
