Најмалку 13 мртви во експлозија на цистерна со гас во Мексико

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 13 лица загинаа при експлозија на двојна цистерна со гас, која се запали откако се преврте на автопат во западно Мексико, соопштија властите.

Загинаа возачот на цистерната и уште 12 лица чии возила беа зафатени од пожарот.

Телата на мртвите биле пронајдени во автомобили јагленисани до непрепознатливост, објави обвинителството.