Најмалку 19 лица загинаа во рушење на две згради во Мароко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се повредени при уривањето на две згради во североисточниот марокански град Фес, поранешната престолнина, објави државната новинска агенција. Локалните власти објавија дека две соседни четирикатни згради се срушиле преку ноќ.

Во зградите живееле осум семејства, кои се наоѓале во населбата Ал-Мустакбал.

Безбедносните служби веднаш по инцидентот се упатиле кон местото на настанот и веднаш започнале со операции за пребарување и спасување, стои во соопштението.

Повредените се префрлени во Универзитетскиот болнички центар во Фес.