Во голема лавина во Индија, се стравува дека најмалку 57 лица загинаа. Лавината го погодила селото Мана во областа Чамоли во Утараханд.
Во тек е спасувачка операција, а властите заедно со екипите за помош при катастрофи, се во трка со времето да спасат затрупани лица, за кои се верува дека се локални работници.
Областа каде што се случи овој инцидент, е познат по лавини и одрони.
