Се зголеми бројот на загинати во уривање на кров на дискотека во Санто Доминго во Доминиканската република. Тој број се искачи на 79 лица.
Се стравува дека бројот на загинати може и натаму да расте, со оглед дека има тешко повредени.
Вкупно 155 лица се здобиле со повреди. Меѓу смртно настраданите е и популарен пејач, гувернерка на покраината и поранешниот професионален бејзбол играч Октавио Дотел, соопштија властите.
Спасувачките екипи во текот на целиот ден вчера ги извлекуваа преживеаните од рушевините.
https://t.co/oh7r9g1U0J pic.twitter.com/dqUbO2bjwN
— WOW_Report (@Wow_Report1) April 8, 2025
