Најмалку осум лица го загубија животот во трагичната несреќа при уривање на авионот на „Ер Индија“ лет AI171, кои воопшто не биле патници во авионот, потврди висок здравствен службеник од Ахмедабад.
Според информациите, четворица од загинатите биле студенти по медицина кои живееле во една од зградите врз која се урнал авионот. Другите четворица биле роднини на студенти што престојувале во истиот студентски дом.
Надлежните служби сè уште работат на расчистување на местото на несреќата, додека трае истрагата за причините што довеле до трагедијата. Индиските власти изразија сочувство до семејствата на загинатите и најавија поддршка за погодените.
