Најмалку едно лице загина, а 21 се повредени во експлозија што се случи денеска во кинеската провинција Шанкси.
Кинеските медиуми објавија дека две лица се водат за исчезнати, а на снимката на кинеската социјална мрежа Веибо се гледаат неколку возила во пламен пред зградата, додека од автомобилите и некои станбени згради извира густ чад.
Експлозијата се случила околу 13 часот и 17 минути. по локално време во градот Таихуан, објави државната телевизија CCTV.
