Најмалку осум лица загинаа во железничка несреќа во Индија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку осум лица загинаа, а неколку други беа повредени во судир меѓу патнички и товарен воз во централната индиска држава Чатисгар, објави Ројтерс.

Во моментот на несреќата, товарниот воз бил запрен на шините, а патничкиот воз го удрил одзади, оштетувајќи ги првите неколку вагони од патничкиот воз.

Полицијата и спасувачките екипи се на местото на настанот.