Најмалку осум загинати во пожар во зграда во Манила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку осум лица загинаа, а најмалку едно лице е повредено во пожар во станбена зграда во филипинската престолнина Манила.

Пожарот избувна во текот на ноќта и ја уништи трикатната дрвена станбена зграда за помалку од еден час, соопштија локалните власти, пренесува АП.

Во тек е истрага за утврдување на причините за пожарот.