Утрово најстудено во Лазарополе каде се измерени 4 степени. Следуваат Берово и Попова Шапка со 5 степени, Маврови Анови, Крива Паланка со 6 степени.
9 степени Битола, Kрушево, 10 Тетово, Демир Капија, 11 Претор, Струмица, Прилеп, Охрид, 12 Виница, Куманово, Штип, Кавадарци, 14 Скопје-Зајчев Рид, Велес, 18 Гевгелија.
Најмногу дожд изминатите 24 часа имало во Крушево, каде се измерени 34 литри на метар квадратен.
8 литри на метар квадратен имало во Пожаране, 6 Виница, 4 Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид, Претор, 3 Тетово, 1 Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка, Битола.
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 28 степени.
