Спрема новото истражување, милиони удари на гром можеби се всушност она што придонело за почеток на живот на Земјата, затоа што еден од клучните состојки потребни за живот е фосфорот.
Резултатите од истражувањето кажуваат дека многуте удари на громови кои се случиле додека земјата била млада, пред 4 милијарди години, можеби создал потребна количина на фосфор да направи темели за живот.
„Фосорот е потребен на молекулите кои чинат основни структури на ќелиите“, рече Бенџамин Хес, автор на студиите и студен на Универзитетот Јејл.
Голема количина на фосфор во раната фаза на Земјата заробена е во минералите кои се во основа нереактивни, што значи дека од нив не може да се создаваат биомолекули потребни за живот. Но, ударите на гром пружаат нов механизам за создавање на фосфор во облик кој може да создадат важни спојки за живот, објаснил Хес.
