Најприроден начин за боење јајца е со кромид и ориз
Нашите баби за Велигден вапсуваа јајца исклучиво со кромид, што е и најздрав начин за вапсување на јајцата.
Денеска ви носиме нова техника која комбинира ориз и кромид, а сето тоа резултира со неверојатни дезени.
Потребно е:
кромид
вода
оризот
јајца
газа
конец
Подготовка: Потопете го јајцето во чиста вода, па валкајте го во сув ориз. Завиткајте во газа и затегнете за да го прицврстите оризот. Потоа ставете ги јајцата во водата со кромидот и варете. Ќе добиете прекрасни дезени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- СО ПОМОШ НА ЕДЕН ЗЕЛЕНЧУК ЌЕ ДОБИЕТЕ СОВРШЕНА ТИРКИЗНА БОЈА ЗА ЈАЈЦА: Сосема природен начин без капка хемија
- Како да ги обоиме јајцата во зелена боја без вештачки бои? Трик кој морате да го пробате
- Допир на традиција: Како да ги направите најубавите велигденски јајца обоени со лушпи од кромид
