Берово со -5 степени, утрово беше најстуден град во Македонија. На Попова Шапка беа измерени -4 степени, додека во Скопје, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица и Битола -3 степени.
Утрово немаше град кој беше во плус со температура, односно најдопло беше во Охрид со нула измерени степени.
Најмногу дожд имаше наврнато во Демир Капија и Штип (шест литри на метар квадратен).
Најмнногу снег има на Попова Шапка, каде утрово имаше 30 сантиметри снег.
Времето денеска претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10 степени.
Во Скопје, облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
