Преубавиот поглед ни стигнува од Дејна Порта во Калифорнија. Се работи за „стампедо“ на делфини.
Како што пренесува ОС Регистер, делфините се движеле прилично брзо, а се чини дека повеќе време поминале во воздух отколку во вода.
Не се знае точната причина поради која се случува ова стампедо од делфини, но некои од причините би можеле да бидат бегство од предаторот, потрага по храна или „состанок“ на друга група делфини.
Инаку, југот на Калифорнија е познат по тоа што таму е најголемата густина на делфини по метар квадратен, а се проценува дека во овој регион има околу 450.000
Ова може да се смета дури и како мала група, со оглед на тоа дека се гледани и по 10.000 делфини на едно место.