Најверојатно локални избори на 17 октомври – премиерот ретерира од предлогот за 31 октомври

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се пазари со датумот за локалните избори, изјави синоќа првиот човек на опозициската партија, Христијан Мицкоски, додавајќи дека ова прашање е дефинирано со Устав.

Лидерот на социјалдемократите и премиер Зоран Заев попушта околу датумот за изборите. Првин наместо 17-ти, го предложи 31-ви октомври, но сега вели дека и барањето на опозицијата е важно.

Доколку за 17-ти се согласат и останатите партии, Заев вели дека за него е „океј“. Во однос на останатите политички субјекти, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи вчера изјави дека за нив е прифатлив било кој датум и дека интегративците нема да се мешаат во преговорите меѓу политичките партии. Датумот за одржување на локалните избори не претставува проблем ниту за коалицијата АА-ААА, но вчера пратеникот Скендер Реџепи истакна дека изборниот процес треба да се одржи на 17 октомври, согласно Уставот и законите.