Намалена видливост на патниот правец Гајре-П.Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Пресека и Ѓавато

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има на патниот правец Гајре-П.Шапка до 50м. и на планиските премини Маврово- Стража-Пресека и Ѓавато.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.