Управители на две фирми и петмина вработени во Агенцијата за управување со одземен имот се осомничени за злоупотреби при јавна набавка, откако Финансиската полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје. Според пријавата, во 2021 година осомничените координирано ја нарушиле конкуренцијата во постапка за продажба на хаварисани возила како старо железо. Една фирма била прикажана како формален конкурент и доставила понуда со намерна техничка грешка, со што биле елиминирани другите учесници во наддавањето. Членови на комисијата, спротивно на законските одредби, помогнале во реализација на шемата, овозможувајќи склучување договор со фирма управувана од еден од осомничените. Со тоа, како што соопшти Финансиската полиција, била стекната противправна имотна корист од над два милиони денари.
