Намирници кои предизвикуваат надуеност, а секојдневно ги користиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Надуеност е проблем кој секојдневно може да наштети. Најчест проблем е храната која ја конзумираме, а некои луѓе се почувствителни од други. Она што некогаш кај некојо предизвикува надуеност, кај некого воопшто не е проблем. Дури и најздравите намирници, може понекогаш да предизвикаат проблеми.

Еве неколку намирници кои предизвикуваат надуеност.

Кечап – некој без него не може да замислат живот. Во мали колични не може да наштети, но претерана конзумација може да доведе до надуеност, вели нутриционистот Рејчл Кларксон.

Кромид – тоа е состојка која ја користиме секојдневно, а тој би можел да биде виновник за надуеност. Тоа е затоа што содржи фруктоза која е храна за бактерии кои живеат во цревата.

Лук – иако е антибактериски лек, сепак, содржи влакна кои предизвикуваат надуеност.

Чај од камилица – чајот од камилица е природен лек за анксиозност и несоница, а според некои и за смирување на желудникот. Но кај некои лица може да биде предизвикувач за надуеност.

Диетални напитоци – во нив има засладувачи кои кај некои лица ја зголемуваат веројатноста за појава на гасови и надуеност.

Бадеми, лешници, индиски ореви, фстаци – тоа се меѓуоброци кои се полни со хранливи состојки. Меѓутоа во нивниот состав има некои работи кои желудникот тешко ги разградува, па доаѓа до тегоби.

Авокадо – во големи количини може да предизвика проблеми со стомакот поради големиот број на влакна.

Брокула – тешко разградлива за желудникот поради влакната. Меѓутоа има повеќе придобивки од неговото конзумирање. Тука спаѓа и зелката.