Поранешниот дипломат и универзитетски професор Нано Ружин во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека бугарските ставови биле толку тешки, и што и да кажат сега ќе биде на извесен начин неутрализирано.
„Знаеме дека нашата држава, пред се нашиот преговарачки тим има одредени позиции. Може да се случи еден Каракачанов или Џамбазов да реагираат од страна на нивните позиции, но тоа се повеќе пост реакции бидејќи изборната кампања заврши, и сега веќе не е толку атрактивно да се зборува против Северна Македонија“, вели Ружин.
Тој посочи дека може да се очекува мирен тек на настаните.
Во продолжение целата изјава:
