Технолошкиот универзитет „Шариф“ во Техеран беше погоден во воздушен напад, при што беа оштетени технолошкиот центар и џамијата во кампусот, а делови од градот останаа без гас, јавува BBC Persian.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа густ чад како се издига над главниот град, додека властите потврдија дека снабдувањето со гас е привремено прекинато во некои делови од градот поради последиците од нападот.
Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, остро реагираше на нападот, нарекувајќи го „симбол на лудилото и незнаењето на Трамп“.
„Тој не разбира дека силата на Иран не е во бетон што може да се уништи со бомби. Вистинската тврдина е волјата на нашите професори и елити“, рече Ареф.
„Не може да ја срушат таа тврдина“, додаде тој.
САД сè уште не ја презедоа одговорноста за нападот.
JUST IN 🇮🇷🇺🇸: Footage of the Impact and Aftermath of Wave 5 of Iran's Missile Shrapnel Hitting Israel https://t.co/RT0PNM36xc pic.twitter.com/0Hf2vr8h5Q
— Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) April 6, 2026
