„Направија како да сме во Палестина“ – реакции на граѓаните на Чаир по поставувањето на бетонските барикади

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наместо зеленило, улицата “Цветан Димов“ синоќа во доцните часови беше поделена со бетонски барикади. Денеска чаирчани цело време беа во друштво на полицијата. Полицајците ги отстрануваа паркираните автомобили на улица.

„Доцна синоќа на улицата „Цветан Димов“ или позната како „Чаирчанка“ беа поставени бетонски барикади за да се избегне гужвата на оваа улица. Дел од граѓаните се задоволни а други пак бараат овие барикади да се заменат со зеленило.“, јавува репортерот на ТВ21.

Мислењето на граѓаните:

„Можеа да направат нешто друго да биде подобро, ова што поставија како да сме во Палестина.“

„Секоја пречка на оваа улица ја прават пешаците и непочитувањето на знаците и сообраќајните правила, сега мислам дека е добро.“

„Мое мислење е дека не треба, можеби ги поставиле за добро, но мислам дека нема потреба да бидат поставени.“

„Подобро е вака бидејќи има многу гужва.“

„Добро е. Верувам дека ќе нема гужва.“

„Многу гужва, можеби требаше друго решение да се најде, каде да паркираме ние. Треба да застанеш да купиш од аптека, нема каде. Нема паркинзи.“

Кога сме кај паркинзите, такво нешто беше ветено дека ќе се изгради кај комплексот Чаирчанка, но ветувањето не се исполни. Градоначалникот на општина Чаир вели дека барикадите се поставени привремено.

„Заедно со Град Скопје е проектот со кој ќе се прави проширување на улицата што е зад мене. Тоа е подоцната фаза. Град Скопје има план да има урбан сообраќај, друг начин на организација и така се подготвува целиот идеен проект кој ќе се реализира во иднина.“, вели Ганиу.

Ако отидете во обиколка на другите места низ главниот град, Чаир е единствено место каде има вакви бетонски барикади. Другите улици се поделени со зеленило, цвеќиња и трева.

Ганиу исто така рече дека бетонските барикади ќе бидат украсени со графити.