Дополнителни документи, расчистување на членови кои произлегуваат од секојдневната комуникација и размената на информации, се причините за доцнењето на вакцините од Фајзер и Синофарм.
Иако до крајот на неделава требаше да пристигнат кинеските вакцини, министерот Филипче вели дека и деновиве ќе продолжат со комуникацијата, па се надева дека наскоро ќе дознае кога точно би пристигнале. Вчера го потпишал договорот за руска вакцина.
„Вчера Владата ме овласти да го потпишам договорот на затворена седница. Договорот е по истиот принцип како што беа и останатите договори. Станува збор за количина од 100.000 дози. И сега веќе интензивно уште вчера попладне преку претставници на руската амбасада ќе се обидеме да добиеме поточни , поконкретни информации кога би пристигнале вакцините во нашата земја“, истакна Венко Филипче.
И додека ги очекуваме вакцините против Ковид 19, расте бројот на заболени од мутираниот британски сој. Дури 70 % од новозаболените се заразени од британскиот сој, кој како што веќе знеме полесно се пренесува. Бројот на новите пациенти, не ги загрозува сместувачките капацитети, барем засега.
„Во делот на мерките, дефинитивно е можно, но засега не. Гледаме и следиме дали овој тренд ќе проодолжи до тој степен повторно да се преоптеретат болничките капацитетеи, но засега нема таква индииција сметаме дека добро се менаџира, но не се искчучува траа можност“, вели Филипче.
Околу 180 000 граѓани се заинтересирани за вакцинација. Министерот смета дека заинтересираноста кај здравствените работници ќе им биде позитивен сигнал, а подготвуваат и капањи за поттикнување на граѓаните да се вакцинираат.
