Населението во земјава старее! Ако во 2002, ¼ од населението беа млади, сега таа бројка е намалена за 18%, помалку од 1/5 од населението. Ако во 2002 имавме 24% млади од вкупниот број на населението, во 2022 оваа бројка е намалена за 18%.
Статистиката за 2022 со загрижувачки податоци – младите си заминуваат од земјава, вели Апостол Симовски, директор на ДЗС.
Македонија и натаму има сериозен проблем со миграцијата на младите и задржувањето нивно во земјава. Првото нешто што треба да го направи државата за спречување на овој феномен е изработка на долгорочна стратегија.
Потребно е општините и Агенцијата за млади и спорт да издвојат повеќе средства за младите, треба да се смени легислативата со цел да се зголеми нивото на финансии за младите на локално ниво, вели Петрина Шапкова.
На прашањето зошто младите си заминуваат од земјава, како примарна причина го наведуваат образованието и вработувањето. Од Агенцијата за млади и спорт велат дека до Собрание доставиле стратегија за младите и измена на законот за младите.
