Експертот за европски прашања Драган Тилев, во „Клик Плус“ вечерва кажа дека македонскиот проблем за членство во ЕУ е тоа што билатералниот спор со Бугарија кој го имаме, стана дел од преговарачка рамка, и дека сега ќе мора да бараме решение да го решиме тој спорт.
„Билатералните спорови не се единствени и исклучиво само ние ги имаме, има такви и имало да не споменувам билатерален спорт меѓу Хрватска и Словенија. Прашањето е зошто билатерелните спорови стануваат дел од процесот. Тие се дел од процесот за стабилизација и асоцијација, и секогаш биле, основно правило за една земја е да гради добрососедски односи, без ралзика дали се или не членки на ЕУ, и ние секогаш сме предначеле во нашиот однос со соедите, и не сме имале сериозен проблем, освен прашањето со името со Грција, и сега со Бугарија. Со тоа што овој проблем кој го имаме со Бугарија, од билатарелан преку несреќниот протокол 2, станува составен дел на преговарачката рамка“, рече Тилев.
Целата изјава на Тилев низ следното видео:
