Настариот фудбалер во Светот потпиша нов договор, иако има 54 години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јапонскиот фудбалер Казујоши Миура, веќе долго време е познат како највозрасниот професионален фудбалер. Иако многумина сметаа дека неговата кариера е веќе готова, тој денеска потпиша нов договор со јапонскиот тим Јокохама.

Договорот на Миура ќе биде во траење од една година, што значи дека тој ќе игра најмалку до јануари 2022 година.

Миура има 54 години, и дефинитивно нема намера да се откаже.

Првиот професионален настап го имаше во 1986 година, додека за Јокохама игра од 2005 година. Во минатото беше дел и од Динамо Загреб.