Настава без учебници стана тренд кој трае 10 години, вели претседателот на независниот синдикат за образование Томислав Гиевски и додава дека на овој начин се импровизира во образовниот процес.
„Претходната година 2021-2022 ја почнавме по многу предмети без улчебници дури и по предметот кој јас го предавам без учебници. За 7-мо одделение немаше учебници, за 9-то оделение немаше учебници. На тој начин се намалу квалитетот на образованието, се импровизира“, вели Томислав Гиевски.
На дел од авторите на учебниците им се одобрени имаат решенија, но не се испечатени објаснува тој.
„Причината заради која не се испечатени сметаме дека е поради лукративни причини. Се прават комбинации кој да ги добие тендерите како да се печатат. Тоа е нашето размислување кое јавно ќе го изнесеме и сметаме дека треба попрофесионално д се пристапи и час поскоро да се обезбедат учебници за учениците и наставниците“, додаде Томислав Гиевски.
Доколку не се обезбедат вели се губи интересот на учениците, квалитетот на наставата, авторитетот на наставникот бидејќи ги губи алатките со кои може да им го привлече вниманието на учениците, а со тоа се губи и авторитетот пред родителите.
