Националистичката и верската реторика пред избори, дали граѓаните и натаму „паѓаат“ на овие трикови?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политичките партии продолжуваат да веруваат дека користејќи го емоционалниот елемент на поттикнување или злоупотреба на етничките или верските чувства кај народот, ќе можат да победат на избори. Вака вели Сефер Селими, во врска со последните случувања во нашата земја кои станаа причина за преписки меѓу политичките партии.

„Сведоци сме дека ВМРО-ДПМНЕ веќе 3 години интензивно се обидува да го злоупотреби елементот на заробената власт од страна на Албанците и со тоа да прикаже една слика која може да поттикне, да кажеме, во најмала мера незадоволство кај Македонците и преку тоа се обидува своите политики да ги преведе во форма на контра одговор на овој феномен и за жал тоа функционира кај поголемиот дел од граѓаните“, вели Селими.

Селими смета дека граѓаните се услужуваат со тоа што им се нуди, така да сакале тие или не, стануваат дел од ваквите површни политички реторики.

„Во прашање не е само колку се свесни граѓаните, во прашање е и понудата што постои. Доколку некоја од политичките партии не пристапи да креира изборна програма или да создаде понуда која ќе биде суштинска или каква било понуда која ќе биде суштинска, која ќе понуди реални и конкретни решенија за граѓаните, граѓаните ќе бидат ставени во позиција да изберат помеѓу овие две опции и затоа мислам дека политичките партии во неможност, во отсуство на човечки капацитети, во отсуство на политичка волја и на крајот на денот сакаат да ја развиваат политиката што е можно полесно и генерално, не ги засукуваат ракавите за да креираат вистински решенија, освен кога се наближува датумот за избори, на формален начин и колку за плакнење очи, креираат програми кои често имаат нереализирани ветувања.“, рече Селими.

Се уште има време до датумот на изборите, а штотуку започна предвремената изборна кампања исполнета со националистичка и верска реторика, која, според аналитичарот Сефер Селими, е најпозната во сите изборни циклуси во Северна Македонија. Скандалот на Левица во Собранието, Крстот поставен на Попова Шапка, реакцијата на Ангелов и мапата во Сопот се само дел од случувањата кои и претходеа на овој облик на комуникација меѓу политичките партии со гласачкото тело.