Ова е изјавата на директорката на националната библиотека “Свети Климент Охридски“ од август минатата година, периодот кога стапи на должност. Од тогаш поминаа 10 месеци а Костадинова не се појавува пред медиумите. ТВ21 неколку пати побара нејзина изјава но таа не прифати, а не ни дозволи ниту да влеземе внатре за да снимаме.
Неколку пати се обидуваме да добиеме изјава, во текот на овие 10 месеци и да влеземе да снимаме и да видиме во каква состојба се читалните, меѓутоа директорката не ни дозволи да влеземе и да снимаме.
И денеска ја контактиравме Костадинова за да ја прашаме до каде е реновирањето на читалните и кровот на објектот, но ни рече дека не е тука и дека не смееме да влеземе во објектот да снимаме додека директорката не е тука. Дури кога разговаравме со неа на телефон, нè поучи какви вести да правиме, додавајќи дека можеме да ја повикаме само за научни теми и дека ќе ги покани новинарите кога ќе биде потпишан тендер за реконструкција на кровот.
Истата ситуација беше и пред 6 месеци. Иако директорката беше тука, на ТВ21 не и беше дозволено да влезе внатре и не прифати да говори пред камера.
ТВ21 поседува снимки од актуелната состојба на реновираната читална, за што известувавме неколку пати до сега.
