Организаторите на Светското првенство денеска соопштија дека во Катар нема да има продажба на алкохолни пијалоци на стадионите и во нивна непосредна близина.
Алкохолот ќе може да се продава во фан зоните во градовите, но нема да биде достапен на стадионите. Сепак, како што објави Скај, некои навивачи ќе можат да пијат алкохол на натпреварите.
Новинарот на Скај, Кавех Солхекол, потоа објави дека правилото не важи за сите.
💰 You can get alcohol inside a stadium at the World Cup in Qatar if you have a corporate hospitality ticket, where prices start at £19,000.
— Football Daily (@footballdaily) November 18, 2022
[via @SkyKaveh] pic.twitter.com/73e33jzgBL
Имено, оние навивачи кои платиле 19.000 фунти за најевтиниот пакет за гостопримство ќе можат да пијат алкохолни пијалоци во ложата на стадионот, кои на тој начин ќе бидат резервирани само за најбогатите посетители на Мундијалот.
Компанијата Budweiser плати 75 милиони долари за да го продаде своето пиво во официјалните продажни места во Катар.
По најавата дека нема да има алкохол на стадионите, Бадвајзер објави духовит твит, но брзо го избриша.
На локациите каде што ќе се продава алкохолно пиво, чаша од половина литар ќе чини околу 900 денари.
