„Освен училиштата, дојава за поставена бомба доби и НБРМ. Известувањето пристигнало утрово во 10 часот“, вели репортерката на ТВ21.
Освен во банката, од полицијата известуваат дека околу 9.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на мејловите на 9 средни скопски училишта е испратена закана за поставена експлозивна направа. Во врска со сите овие пријави полицијата презела мерки за евакуација на уќениците како и вработените во другите институции. Спасовски рече дека не е загрозена безбедноста на Банката бидејќи истата е по 24 часовно обезбедување.
Пред неколку дена МВР соопшти дека поднело кривична пријава против едно малолетно лице од Скопје поврзано со неколку од пријавите за поставени бомби во Скопје.
