Пред да започнат денешните разговори во Истанбул, министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба ги советуваше сите што ќе одат на преговори со Руската Федерација „да не јадат и пијат ништо и по можност да избегнуваат допирање на која било површина“.
Тој говореше за време на интервју за украинскиот канал „Украина 24“.
Предупредувањето дојде по осомниченото труење на рускиот милијардер Роман Абрамович и украинските преговарачи претходно овој месец на мировните разговори на границата меѓу Украина и Белорусија.
Постои одреден скептицизам за наводното труење, а неименуван американски функционер беше цитиран од Ројтерс дека разузнавачките служби сугерираат дека симптомите на мажите се должат на „еколошки“ фактори, а не на труење.
Како што објавивме, Абрамович е забележан на преговорите, на сликите што ги пренесуваат турските медиуми.
