Не можете да заспиете? Посегнете по овие намирници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ДОВОЛНО сон е важен за функционирањето на вашиот имунолошки систем, но и за вашето расположение. И покрај тоа, повеќе од една третина од возрасните не спијат доволно, односно спијат помалку од препорачаните седум часа дневно. За да ви помогне да се исклучите и да заспиете на време, обидете се да ја прилагодите вашата исхрана. Ви носиме листа на намирници кои гарантираат подобар сон.

Банани

Бананите се извор на магнезиум и калиум, минерали кои можат да ги релаксираат мускулите. Тие исто така содржат триптофан, кој се претвора во мелатонин и серотонин, хормони кои го смируваат мозокот.

Мед

Лажичка мед во чајот е докажано средство за релаксација бидејќи медот содржи состојки кои помагаат да се смири умот.

Бадеми

Бадемите содржат калиум и витамин Б, кои го смируваат нервниот систем, но и протеини, кои помагаат да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта за време на спиењето, па може да го намалат адреналинот, кој не ни е потребен додека спиеме.

Јајца

Јајцата содржат триптофан, познат и како хормон на среќата. Совршена вечера за добар сон? Салата богата со зеленчук со тврдо варено јајце.

Овес

Овесната каша содржи состојки кои го поттикнуваат спиењето: калциум, магнезиум, силициум, фосфор и калиум.

Ореви

Оревите можат да го зголемат нивото на серотонин, а исто така содржат триптофан и магнезиум.

Лосос

Познато е дека лососот содржи витамин Б6, кој е важен за производството на мелатонин. Печениот лосос е одлична идеја за здрава и вкусна вечера која ќе ви помогне да спиете како бебе.