„Не на Русија, да на Европа“ – Ахмети и Таравари ги кажаа условите за коалицирање по изборите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не на Русија, Да на Европа. Со овој слоган, лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја соопшти т.н. Голема Вест претставувајќи го кандидатот на ДУИ за претседател, министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Освен тоа, Ахмети соопшти и под какви услови би прифатил коалиција за идната влада. Главните барања на ДУИ се уставните измени вклучувајќи ги Бугарите и другите заедници во Уставот, како и избор на претседател во Собрание а не на избори.

„Затоа, на овие избори решивме да побараме од вас да застанеме заедно, во барањето за измена на Уставот и избор на претседател и потпретседател на државата во Собранието, вклучување на бугарскиот заедница и другите во Уставот, како и да и кажеме не на Русија, да на Европа. Пред вас едногласно се залагам дека нема да бидеме дел од ниту една влада што не го менува уставот и ќе излеземе во опозиција да се бориме и да ги победиме овие егзистенцијални закани за нашата земја“, порача Али Ахмети.

Истите услови ги има и албанската опозиција, коалицијата ВРЕДИ. Кандидатот за претседател од редовите на опозицијата, Арбен Таравари, покрај барањето претседателот да биде избран со две третини од гласовите во Собранието, друг услов е во рамки на уставните измени 20 отсто да се отстрани како термин за албанскиот јазик.

„Дефинитивно да, тоа ќе бидат нашите барања. За уставните измени не треба да биде само воведување на Бугарите, туку сега да ја искористиме приликата да ги тргнеме 20%, тоа го кажавме и порано како партија. Но, сега предлагаме и изборот на претседателот да се направи во парламентот, слично како во Косово и Албанија“, вели Арбен Таравари.

За двете страни најважно прашање е продолжувањето на европскиот пат на земјата.

Овие барања доаѓаат во пресрет на претседателските и парламентарните избори, особено кога, според анкетите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на македонскиот блок за победа на изборите.

Од таму неодамна за ТВ21 изјавија дека нивните позиции не се сменети и нема да прифатат уставни измени по бугарски диктат.

Порачаа дека ќе коалицираат со сите оние кои имаат за цел да ја направат Македонија достоинствена држава и да ја водат државата чесно.