„Не постои ниту грчка, ниту атинска варијанта на Kовид-19“, вели грчки професор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После информацијата дека се појавил нов сој на коронаворусот или т.н. „атинска мутација“ на Ковид-19, се огласи грчкиот професор по хигиена и епидемиологија Гикас Мајоркинис, во интервју за грчките медиуми, каде тврди дека „не постои ниту грчка, ниту атинска варијанта на Ковид-19“.

Тој вели дека варијантата што неодамна е најдена кај случаитево центарот на Атина е нигерискиот сој, кој беше изолиран пред февруари. Мајоркинис  соопшти дека има околу 1.000 потврдени случаи со нигерискиот сој и тие не се откриени со случајно земање примероци, туку со тестирање на одбрани групи.

За нигерискиот сој,  рече дека досега пациентите што се вакцинирани, па се заразиле, поминале добро, иако повеќето се постари граѓани.