Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор ги повика лидерите на другите партии на Албанците на средба, но тие не дојдоа во скопскиот хотел Парк.
„Ги повикав албанските политички партии за да им се заблагодарам за заедничката соработка при донесувањето на Законот за јазици, уставните измени и друго. Сакав да ги слушам и нивните предлози и забелешки. Многу ми е жал што тие не дојдоа на денешната средба. Би сакал нивното недоаѓање да не го користат за политички цели. Во пресрет сме на донесување на големи одлуки“, истакна Ахмети на брифинг со новинари, по што се очекуваат изјави за медиумите.
Точно дека денеска е историски ден, додаде тој потенцирајќи дека средбата е свикана со цел лидерите на партиите на Албанците да разговараат.
Имено, до моментов не пристигнаа лидерите на средбата, а наместо нив на маса со Ахмети седнаа новинарите.
