Се уште не се знае како ќе се искористат 476-те милиони евра кои се обезбедени од меѓународните институции ниту дали биде транспарентно нивното трошење.
Владата ја објасни првата мерка за вториот економски пакет, што подразбира 14.500 денари по работник за еден месец за компаниите од сите сектори, а не само за угостителските, објасни министерката Нина Ангеловска.
За користење на оваа мерка, компаниите не смеат да исплаќаат бонуси, да го намалуваат бројот на вработени и доколку 10 отсто од вработените земаат плата од 120 илјади денари. Апликацијата за оваа мерка ќе се врши преку системот е-данок на УЈП. Оваа мерка ќе чини 100 до 120 милиони евра, но за обезбедување на половина од овие средства, Владата преговара со Светска банка. Инаку, средствата од првиот економски пакет се уште не ги добиле компаниите и затоа се апелира до Банката за развој на Македонија да ги обработи што побрзо апликациите.
