Не успеа затворањето на нелегалниот премин кај „Бит Пазар“ – протест и блокада на улицата, интервенираше полицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не успеа обидот на властите за затворање на нелегалниот пешачки премин кај мостот на Бит Пазар во Скопје.Додека градските власти се обидуваа да постават дел од оградата за да го затворат преминот, голем број граѓани и дуќанџии се собраа за да се спротивстават.

„Обидот за затворање на овој нелегален премин кај Бит Пазар доведе до тоа за неколку минути да биде блокирана оваа улица, бидејќи многу дуќанџии кои работат во близина, но и граѓани, излегоа на протест за да го спречат неговото затворање.“, вели репортерот на ТВ21.

Од СВР Скопје за TV21 изјавија дека биле преземени мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир.По интервенцијата на полицијата, ситуацијата се смири и улицата беше повторно отворена, но преминот остана отворен.Еден трговец изјави дека во овој дел треба да има повеќе пешачки премини.

„Овде амбуланта, школа, факултет, сè има. Сакаат да го затворат. Претходно имаше 2 премини, 2 обележани линии, една за Чаршија, една за пазар. Сега ‘гето’.“, вели трговец.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера изјави дека мостот ќе биде ставен во функција, а истовремено ќе биде затворен и преминот.

„Таму објаснив која ќе биде процедурата: сè што е узурпиран простор, велосипедски патеки и тротоари треба да се отстранат, а во исто време да се затвори и нелегалниот премин, бидејќи има друг премин и погоре и подолу кај семафорот. Законот е јасен, но некој сакал да направи патека за побрз пристап до свој објект, ставајќи илјадници граѓани во ризик, особено младите. Тоа нема да го дозволам“, вели Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, нелегалниот премин во зоната на „Бит Пазар“ претставува сериозен ризик за пешаците, бидејќи многу граѓани го избегнуваат постојниот надвозник и директно ја преминуваат улицата, каде што сообраќајот е густ. Надвозникот е во лоша состојба, неодржуван и со лифт кој со години не функционира, што го прави речиси неупотреблив.