Недостиг на професори на универзитетите – вработување со партиска книшка блиски до власта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработувања по партиска книшка во државните универзитети во земјава. Ниски плати на професорите и недостиг на професорски кадар. Овие прблеми ги истакна независниот академски стиндикат.  Во Македонија платите кои што се исплаќаат од основниот буџет на МОН се најниски и во апсолутен износ и како коефициент од просечната плата. 550 евра довива плата редовен професор на Универзитет.  Во Косово платите на професорите се 1 400 евра. Во Албанија, Србија и Црна Гора ниту еден редовен професор нема плата под 1000 евра.

„Оние универзитети и институти кои се во блиски односи со структурите на власта, од различни причини. Добиваат согласности за вработување, имаат можности својот академски кадар да го зајакнуваат или барем да го одржуваат. Оние кои што немаат, се доведени до ситуација да не можат да имаат ниту проста замена на професорите кои што заминуваат во пензија“, посочува Маја Стевановиќ.

Од синдикатот велат дека МОН од 2009 година не го исплаќа додатокот на стаж на професорите.

„Најстарите универзитети УКИМ И УКЛО се испразнети. Нашите податоци покажуваат дека на голем број единици, 7 во УКИМ нема ниту еден асистент а има голем број на универзитети кој што треба да заминат во пензија“, истакна Маја Стевановиќ. 

Од Министерство за образование велат дека за оваа состојба која ја прикажуваат од Синдикатот може да збоува само министерот Арбер Адеми. Но, тој денеска не е во можност да одговори на овие обвинувања, бидејќи како што велат од министерството се наоѓа надвор од државата на службен пат.