Неизвесните спортски натпревари може да бидат ризик за срцето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Големите натпреварувања, како што е моментално ЕУРО 2020, се толку возбудливи за љубителите на фудбалот што на некои од гледачите им го зголемуваат ризикот од срцев удар, покажува едно германско истражување.

Во текот на СП 2014 година во Бразил, забележан е поголем број на хоспитализации поради срцев удар, стои во истражувањето.

Научниците истражувале службени податоци од болницата околу приемот и смртноста поради срцев удар, и ги упоредиле со четири временски период.

Во текот на Светското првенство кое траело четири недели, во Германија во болница поради срцев удар завршиле 18.479 лица, што е за 3,7 % повеќе од истиот период од 2015 година, и 2,1 % повеќе од 2013 година.

Еден месец по завршувањето на Мундијалот, бројот на срцеви удари паднал за дури 5,4 %.

На денот на финалето смртноста од срцев удар била најголема, истакнаа научниците.

Во финалето Германија играше со Аргентина. Дуелот беше возбудлив и го добија Германците со 1:0 со гол во продолженијата.