„Нека и е среќен патот на ЗНАМ“ – Ибрахими: Пратеници од Европскиот фронт му се додворуваат на Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не само за прашањето за дијаспората, ЗНАМ реагираше до ВРЕДИ и за употреба на албанското знаме во Владата, па дури и се спротивставија на формирање на албанска академија за науките и уметностите. Но, до каде можат да одат овие несогласувања меѓу овие два коалициски партнери? Претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, во Дејли Клик на ТВ21 изјави дека никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат слободно Владата.

ТВ21: Може ли да дојдете до точка да му кажете на ЗНАМ, вие или ние во Влада.

Ибрахими: За нас Знам не е важна партија. Тоа е периферна и мала партија и не е важно што ќе кажат. Тие можат да зборуваат за секое прашање, но тоа не ни дава никаква обврска, било да е тоа за користење на знамето или други теми. Тие рекоа дека ако продолжиме да го користиме знамето, ќе ја напуштат Владата. Со среќа, никој не може да ги спречи. Немаме договор со нив.

Според Ибрахими,мнозинството е стабилно а додаде и дека има пратеници од Европски фронт кои му се додворуваат на Мицкоски за да му се придружат на парламентарното мнозинство.

-Има пратеници од Европскиот фронт кои и се додворуваат на власта и му сигнализираат на Мицкоски дека се подготвени да ја преминат оградата“, вели Ибрахими.

ТВ21: Значи од ЕФ, не од СДСМ?

Ибрахими: Од Европскиот фронт, но може да има и од СДСМ, но има пратеници од Европскиот фронт. Тоа не хендикепира и нас од ВРЕДИ и сите други што се дел од владата, бидејќи ВМРО го формираше мнозинството со 58 свои бројки и 3 од ЕФ кои се подготвени во секој момент да станат дел од мнозинството.

Ибрахими исто така додаде дека не се врзани за фотелјите на владата и дека што се однесува до уставните измени остануваат на рокот што му го дадоа на премиерот за изнаоѓање решение. Тој не ја исклучи можноста за напуштање на владата доколку во тој период не се постигне напредок.