Пред 15 години, кога беше отворен Правниот факултет за дисперзирани студии во Кичево имаше 500 студенти годишно, денес бројот на студенти е околу 100. Состојбата е иста речиси во сите други градови каде има дисперзирани факултети. Професор доктор Светлана Велјаноска вели дека во последно време почнал да расте интересот за студии по Мастер или за доктори на наука. Оваа година дипломираат 65 студенти и 35 магистри на Правниот факултет.
Проректорот доктор Горан Илиќ од факултетот Свети Климент Охридски, вели дека заминувањето на младите и студенти е поврзано со социо-економската ситуација во земјава. Додава дека силно работат да ги задржат студентите во татковината и да инвестираат во нивното знаење како интелектуалци, особено во градот од каде доаѓаат, но за тоа е потребна помош од сите страни во државава.
Треба да се потсети дека бројот на средношколци значајно опаѓа од година во година. Од двете гимназии во Кичево, “Дрита“ и “Мирко Милески“ оваа година ќе матурираат само 200 матуранти, вклучително со учениците од општина Пласница.
