Нема бомба! Полицијата најде ваги со празни батерии кои свират кај Универзална

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од МВР за ТВ21 известуваат дека пронајдени се две ваги за време на истрагата.

Како што дознава ТВ21 на една од вагите батеријата била слаба и почнала да свири, поради тоа веднаш било пријавено во МВР.

Завршен е увидот, сообраќајот веќе се нормализира, а екипите за интервенција се повлекоа.

Имено, претходно е пријавена непозната направа во близина на Архитектонскиот факултет во Скопје.