На две топлани во Скопје, со околу 64 илјади потрошувачи им е доделена помош од 18 милиони евра, а 500 потрошувачи од Чаир се оставени настрана и не добија ниту 18 евра. Ова го изјави, Куштрим Рамадани, директор на Топлана „Скопје-Север“ кој се пожали дека топланата со која тој раководи не се зема предвид од Владата. Меѓу овие 500 потрошувачи, има 13 бизнисмени, неколку училишта, детски градинки и здравствени установи.
-Се обратив до Владата, доставив допис, каде половина од министрите се Албанци, дел од нив се во Чаир. Министерот за економија кој е одговорен за енергетскиот сектор е Албанец, министерот за финансии е Албанец, а работата дојде до таму што другите две топлани на Скопје, кои имаат 64 илјади потрошувачи, да поделат средства за 64 илјади потрошувачи, а за 500-те од Чаири да не бидат издвоени средства. За останатите се издвоени 18 милиони евра, а за овие ниту 18 евра“, рече Рамадани.
Рамадани меѓу другото рече и дека директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, му спуштил телефон револтиран што го вклучил парното без да праша. Но, како што вели Рамадани, Владата морала да дојде на денот на пуштањето и да се фотографира со шлемови за да покаже како „кој знае што да постигнала“.
„Мојот последен контакт со него беше кога ми ја спушти слушалката минатата недела.“
-Ви спушти слушалка?
-Ми ја спушти слушалката.
-Зошто?
-Зошто? Потоа се јавив на една негова советничка, нема да ја спомнувам по име, и ѝ ја објаснив работата, ѝ кажав дека треба да соработуваме. Ме праша, рече – кој ти рекол да го пуштиш парното во Скопје-Север на 4 и 5 октомври?
Од кабинетот на директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски ги негираат горенаведените обвинувања. Велат дека ниту се случил телефонски разговор, ниту пак некој му спуштил слушалка на Рамадани.
-Откако АД Скопје Север се изјасни дека и оваа грејна сезона има финансиски проблеми, Владата одлучи повторно да го помогне ова Акционерско друштво преку потпишување договор за деловно-техничка соработка со АД ЕСМ. Најавената помош ќе се реализира по комплетирање на формално-правните аспекти во поглед на комплетно потпишување на договорот од сите засегнати страни наведени во истиот, како и формално-правните аспекти кои се однесуваат на претходниот договор-велат од кабинетот на Васко Ковачевски.
Средствата од минатата грејна сезона сѐ уште не се вратени во АД ЕСМ, изјави пред два дена директорот Ковачевски. Тој додава дека за склучување нов договор, топлана мора да даде гаранција во имот и финансии дека ќе се вратат назад средствата што ќе ги вложи ЕСМ во набавка на природен гас и во негова испорака до „Скопје Север“.
