За учениците до шесто одделение се обезбедени учебници по новиот концепт, додека за 7, 8 и 9 одделение учебниците се по стара програма за кои исто така се обезбедени и се во фаза на дистрибуција – изјави заменик министерот за образование Љулзим Алиу во денешното издание на Дејли Клик. Учебниците кои недостигаат, според него, се оние по странски јазици како англиски, германски и француски.
Учебниците по мајчин јазик, како македонски јазик за ученици кои учат на македонски јазик, албански јазик за ученици кои учат на албански јазик, турски јазик за ученици кои учат на турски јазик, овие учебници се обезбедени, но не и за јазиците како што се француски, англиски, германски, бидејќи тие не се напишани од локални автори, туку од странски автори, рече Љулзим Алиу, заменик министер за образование и наука.
Во врска со прашањето за зголемувањето на платите на наставниците и најавените протести од синдикатите, заменик министерот Алиу рече дека тие што го креваат гласот се одговорните лица на училиштата кои немаат часови и имаат слободно време. Најави дека зголемувањето на платите до 15% ќе има следната пролет.
Решение за целиот образовен процес е проблематично, мислам дека ќе резултира со зголемување и на платите и подобрување на условите. Но, не можеме да бараме кога сме свесни дека она што претходно го споменавме постојано се намалува бројот на ученици, без разлика дали станува збор за основно или средно образование, а бројот на вработени постојано се зголемува, па тоа е диспропорција, рече Љулзим Алиу, заменик министер за образование и наука.
Инаку, независниот синдикат за образование и наука едногласно одлучи на низа протести за, како што велат, прекршување на колективните договори и законот за минимална плата. Протестите ќе почнат во Битола, по завршувањето на наставата, што значи дека учениците нема изгубат часови.
