„Нема да се поремети структурата на државата ако Бугарите влезат во Уставот“, рече Цаца Николовска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маргарита Цаца Николовска, претседателката на работната група за уставни измени, вечерва во Клик Плус на ТВ21 кажа дека нема да се поремети структурата на државата ако Бугарите влезат во Уставот.

„Не смее јавноста да се манипулира. Политичарите може да зборуваат што сакаат, но не смее јавноста да се манипулира, дека ако Бугарите и влезат во Уставот, дека ќе ја поремети структурата на една држава. Што е проблемот? Проблемот е Бугарија дека се однесува вака, и не можеме да ја натераме ниту Бугарија ниту друга државата да се однесува како сакаме ние. Ние треба да бидеме појасни за да може јавноста да сфати што е потреба од оваа уставна промена“, кажа Николовска.